Скендербег се жали до КАС и Врховен суд за казната на УЕФА

Од:

Албанскиот фудбалски клуб Скендербег најави жалба до Спортскиот арбитражен суд (КАС), а потоа и до Врховниот Суд во Швајцарија, на суспензијата од УЕФА поради местење натпревари.

Клубот од Корча, кој 10 години нема да може да настапува во натпреварувања под капата на УЕФА и ќе треба да плати милион евра казна, ги отфрли обвинувањата и одлуката на Дисциплинската комисија на европската фудбалска центарала.

– По одлуката на УЕФА, единствен начин да ја заштитиме примерната работа на клубот и гордоста на Корча е жалбата. На сите Албанци им е јасно дека спортската правда на УЕФА секогаш е во функција на приватните интереси на институцијата и нејзините партнери, се вели во соопштението на Скендербег.

Албанскиот клуб е убеден дека ќе ја докаже својата невиност.

– Сигурни сме дека независно тело ќе ја потврди нашата невиност и ќе ја повлече апсурдната одлука на УЕФА, додаваат од клубот.

Скендербег не е казнет временски, туку со забрана на учество, кога ќе избори пласман на европско натпреварување, а паричната казна мора да се плати во рок од 90 дена.

Ова е најголемата казна во историјата на фудбалот, бидејќи Скендербег е повеќекратен сторител на основа местење на натпревари, дури и во Европа.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година