Скандал на Олимпијадата, се бореле да загубат

Од:
Арената во Вембли буквално „полуде“ синоќа по играта на двојките преставнички на репрезентацијата од Кина против Кореја, кои не играа во духот на игрите и тенденциозно сакаа да го изгубат натпреварот. Нивната цел со оваа загуба во бадмингтонот е да го ибегнат дуелот со своите сонародници пред финалето.
Полната Вембли арена не се двоумеше да го исвирка актуелниот светски шампион во женски двојки, Ју Јанг и Ванг Хиаоли, како и нивните корејски ривали, Јунг Кајунг и Кими Ха, затоа што направија голема глупост и ги разочараа љубителите на спортот.

Главниот судија на натпреварот Пајсан Рангсикитфо најави итен состанок на кој ќе се разгледа случајот детално и ќе бидат преземени соодветни мерки.

„Ние уште денес ќе разговараме и ќе видиме што можеме да направиме. Ако е вистина декатие навистина намерно изгубија, тогаш тоа е сериозна работа, голем срам за спортот и не во духот на Олимпијадата. Тоа е срам за играта! Јас им се извинувам на сите и ветувам дека работата ќе биде расчистена“, изјави Пајсан.

Кинеските кои намерно го изгубија мечот велат дека тие веќе си обезбедиле учество во четврт-финалето, па се чуваат за наредното соочување. Дали ќе им успее овој изговор ќе видиме.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он