Сите возачи на Формула 1 заедно на вечера: Се знае кој платил и колкав бил цехот

Од:

Возачите на Формула 1 ја продолжија традицијата на заедничка вечера на крајот од секоја сезона, а овој пат ѕвездите се собраа во Абу Даби.
Фотографијата од ѕвездите на Формула 1 на вечерата повторно стана вирална, а организатор на собирот повторно беше Луис Хамилтон.

Традицијата налага возачот кој се збогува со Формула 1 да ја плати целата сметка за вечера, а тоа беше случај и овој пат. Додека Валтери Ботас се збогува со Формула 1, тој беше принуден да плати и за вечерата на еснафот.

Ботас призна дека ја платил сметката за целото дружење и призна колку го чинело сето тоа. Тоа е 20.000 дирхами или приближно 6.200 евра.

Тоа значи и дека вечерата не била претерано скапа бидејќи биле присутни сите возачи, односно 17. Интересно е што биле присутни „завојуваните“ Макс Верстапен и Џорџ Расел, но тие седеле на спротивните краеви на масата.

Верстапен и Расел ја започнаа својата расправија на ГН на Катар, но тоа не ги спречи да присуствуваат на вечерата и да го испратат Ботас во пензија.

„Да, двајцата за кои размислувате седеа што подалеку“, се пошегува Ландо Норис во описот на фотографијата.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“