Сите погледи свртени кон Валенсија: Роси или Лоренцо?

Од:

Мото ГП ќе го добие новиот шампион, а тоа ќе биде еден од возачите на Јамаха, Хорхе Лоренцо или Валентино Роси.

Денеска во 14:00 часот ќе стартува трката во Валенсија. Работите се јасни, предност има Валентино Роси пред Хорхе Лоренцо со седум бодови, но проблемот за Роси е тоа што ќе стартува од опашката денеска на трката, додека Лоренцо, кој има бодовна негатива, ќе стартува од првата позиција, и доколку успее да ја задржи позицијата до крајот на трката, тој веројатно ќе биде новиот шампион.

Целта на деветкратниот Мото шампион Валентино Роси ќе биде втората позиција, што ќе биде исклучително тешко, но како што рече вчера Лоренцо, во Мото трките секогаш се е можно.

Роси ќе цели на подиум, но титулата ќе ја освои само доколку биде второпласиран во случај Лоренцо да биде победник.

Интересно е тоа што денешната трка ќе ја следат преку 150.000 љубители на мото тркањето, и тензијата и адреналинот на патеката денеска ќе бидат на највисоко ниво, и за да нема некои непосакувани инциденти кои беа најавувани претходните денови.

Математиката за возачите е јасна, Лоренцо брка победа, а Роси најмалку втора позиција, но доколку евентуално, Лоренцо не победи, а биде второпласиран на табелата, во тој случај на Роси ќе му биде потребен само пласман на 3та позиција, со што би бил шампион со +4 бодови. Доколку Лоренцо биде третопласиран, на Валентино Роси ќе му биде потребно само петтото место, кое е реално да се очекува, бидејки тој со сигурност ќе притиска денеска на патеката.

Значи за Лоренцо во игра останува само еден приоритет, само победа доколку сака непречено да биде шампион.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Маркез беше пренесен во болница по паѓањето на „Бурирам“

Ана Ололовска

Бузалковски: Следната сезона целта е влез во ТОП 5

Ана Ололовска