Сите информации за спортот во Република Македонија на едно место

Од:

Агенцијата за млади и спорт го промовираше новиот лик на веб-сајтот – Информатички спортски систем (iss.mk), кој има за цел на пошироката јавност да и ги презентира сите информации поврзани со македонскиот спорт, спортските федерации и клубови, стручните лица, спортските објекти, спортските стипендии, награди и признанија кои ги доделува АМС, традиционалните спортски манифестации и сите активности кои ги презема оваа државна институција во делот на спортот.

Iss.mk е модерен електронски прозорец до сите информации за спортот во Република Македонија. Согласно концептот, секоја национална спортска федерација ќе има пристап до базата и ќе може да го надополнува сајтот со нови и свежи податоци околу настаните и календарот на активности во тој спорт. Во базата на податоци се и листите на сите досегашни спортисти кои се носители на соодветни стипендии од страна на Агенцијата за млади и спорт, носителите на највисокото Национално спортско признание, популарната „спортска пензија”, како и носителите на државната награда од областа на спортот „8-ми септември”.

Податоците на веб-сајтот постојано ќе се ажурираат и дополнуваат, а спортистите, рекреативците и граѓаните ќе имаат можност да се информираат и за спортските објекти и спортските настани на целата територија на државата. На оваа веб-страна се дадени и генералиите, односно контакт-информациите за спортските федерации и спортските клубови, кои согласно законот се регистрирани и се членки на матичните спортски федерации.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ