Сите домашни екипи забележаа победи во Евролигата

Од:

Победата број 1 во четвртфиналните пресметки од кошаркарската Евролига им припадна на домашните екипи.

Откако во вторникот Барселона го совлада Панатинаикос, тоа синоќа го направија и ЦСКА Москва, Олимпијакос и Реал Мадрид кои беа поуспешни од своите противници.

Постигнати резултати на првите натпревари во четвртфиналната фаза од Евролигата: Барселона – Панатинаикос 72:70, ЦСКА Москва – Каха Лаборал 89:78, Олимпијакос – Анадолу Ефес 67:62 и Реал Мадрид – Макаби 79:53.

И вторите средби во серијата подобар од пет се играат на теренот на екипите победници во првите дуели, а потоа противникот е домаќин на третата и евентуално четвртата средба.

Вечерва играат Барселона – Панатинаикос, а утре се другите три натпревари.

За пласман на завршниот „Фајнл фор“ турнир потребни се три победи.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он