Синсинати останува недостижен за Ѓоковиќ

Од:

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е освојувач на турнирот од Мастерс серијата во Синсинати, откако во финалето го совлада првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови (7-6 и 6-3). Тоа е седма титула за Федерер на овој турнир во седмото финале што го игра во Синсинати во кариерата.

За србинот, Синсинати останува единствениот турнир од Мастерс серијата што никогаш не го освоил, а ова му беше петто финале.

Првиот сет влезе во тај-брејк, а Федерер успеа да го добие со 7-1 во поени.

Во вториот сет Ѓоковиќ направи неколку невообичаени грешки, а тоа беше доволно Федерер да му го одземе сервисот и да го добие со 6-3.

По освојувањето на овој турнир, Федерер ќе биде второпласиран на АТП – листата.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен