Синот на Чутура починал од мозочен удар

Од:

Трагично починатиот син на српскиот национален ракометар Далибор Чутура починал поради излив на крв во мозокот, покажаа резултатите од обдукцијата.

Форензичарскиот тим продолжува се уште да работи на случајот, но за сега нема докази дека смртта на 9-годишниот Стефан следи поради удирање со камен, како што првично беше најавено.

hro-cutura

Полицијата се уште ги реконструира фактите и собира сведоци за да се докаже дали наводното тепање на малиот Стефан од три момчиња, на возраст од 7, 11 и 16 години во паркот во Леон е вистинската причина за трагедијата.

Пред неколку дена медиумите известија дека помладиот син на српскиот ракометар е удрен со камен по главата и, иако медицинскиот тим пристигна многу брзо, не беше во можност да го оживее детето.

Шпанскиот спортски весник „Марка“ издаде соопштение во кое семејство негира дека Стефан учествувал во било какво тепање во паркот.

„Стефан не учествувал во било каква кавга на улица, ниту мавање со камења или удирање и туркање. Не знаеме како тоа точно се случило, но се работи за несреќен случај. Неговиот малечок живот згасна поради мозочен удар.

Стефан засекогаш ќе остане во нашите срца и животи “.

Семејството апелираше исто така да се почитуваат нивните чувства.

По оваа семејна трагедија неизвесно е дали Далибор Чутура ќе учествува на Олимписките игри во Лондон.

 

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он