Јаник Синер се повлече од Олимписките игри во Париз поради воспаление на крајниците.
Тенисерот број еден во светот веќе пропушти да се качи во авионот со своите сонародници поради болест, но повлекување не се очекуваше.
Тој во четврток требаше да пристигне во Париз, но тоа нема да се случи бидејќи ситуацијата е посериозна отколку што се мислеше.
Тоа значи дека нов прв носител на Олимписките игри кои се играат на терените на Ролан Гарос ќе биде Новак Ѓоковиќ и дека повеќе нема да може да го победи Карлос Алкараз пред финалето на турнирот.