Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

Од:

Италијанскиот тенисер Јаник Синер (АТП:4) го освои Австралија опен откако во финалето го совлада Русинот по неверојатен пресврт со резултат 3:2 во сетови (3:6, 3:6, 6:4, 6:4. , 6:3)

Италијанецот така го освои првиот Грен слем во кариерата, а Медведев не можеше да стигне до титулата ниту во третиот обид во финалето на Австралија Опен и остана на една ГС титула – УС Опен од 2021 година.

Исто така, Синер е првиот Италијанец кој освоил титули во Мелбурн и најмладиот победник на Австралија Опен во историјата на 22-годишна возраст.

На крајот победникот на Австралија опен освои 2,9 милиони евра, додека поразениот 1,6 милиони евра.

Пред оваа средба двајцата тенисери одиграа девет меѓусебни натпревари во кариерата, а во десеттиот меч Синер ја извојува четвртата победа.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест