Сигурни победи за Кливленд и Голден Стејт

Од:

Ланските финалисти во НБА лигата екипите на Кливленд и на Голден Стејт ноќеска остварија сигурни победи совладувајќи ги Њујорк односно ЛА Клиперс на домашен терен.

Кај Кливленд Леброн Џејмс натпреварот го заврши со „трипл дабл“ 18 поени, 15 скокови и 13 асистенции. Во редовите пак на Голден Стејт, Стеф Кари постигна 35 поени, а Кевин Дјурант 25.

Ова беа први натпревари во НБА лигата по „ол стар“ викенд.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Орландо – Портланд 103:112, Детроит – Шарлот 114:108 по продолжение, Кливленд – Њујорк 119:104, Њу Орлеанс – Хјустон 99:129, Голден Стејт – ЛА Клиперс 123:113 и Сакраменто – Денвер 116:100.

Пласман Источна Конференција: Кливленд 40-16 (победи-порази), Бостон 37-20, Вашингтон 34-21, Торонто 33-24, Атланта 32-24, Индијана 29-28, Чикаго 28-29, Детроит 28-30,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 48-9, Сан Антонио 43-13, Хјустон 41-18, ЛА Клиперс 35-22, Јута 35-22, Мемфис 34-24, Оклахома Сити 32-25, Денвер 25-32,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on