Сигурен старт на Федерер и Чилиќ на Вимблдон, Векиќ ја декласираше Стивенс

Од:

Актуелниот шампион на Вимблдон, Роже Федерер, одбраната на титулата ја започна со убедлива победа од 3:0 во сетови против српскиот тенисер Душан Лајовиќ.

Швајцарскиот тенисер покажа доминантна игра на теренот и против Лајовиќ оствари релативно лесна победа.

Одличен старт на Вимблдон имаше и најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ, кој се пласираше во второто коло по победата над јапонскиот тенисер Јошихито Нишиока.

Чилиќ неодамна ја освои титула во Квинс и со победата од максимални 3:0 во сетови над Нишиока ја потврди одличната форма.

На женскиот дел од турнирот Американката Слоун Стивенс, која пред два месеци играше во финалето од Ролан Гарос, денеска беше декласирана на стартот на Вимблдон од хрватската тенисерка Дона Векиќ со 2:0 во сетови.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест