Шведски клуб самиот се пријавил во полиција за местење натпревари

Од:

Шведскиот фудбалски клуб „Сурианска Кербурн“, кој се натпреварува во четвртата лига, самиот се пријавил во полиција поради сомневање за местење натпревари.

Обложувачници престанаа да примаат облози за натпреварот на „Сиријанска“ на домашен терен против „Квамшеденс“, бидејќи биле уплатени големи износи на победа на гостите.

„Сиријанска“ го загуби тој натпревар со резултат 5:1. Управата на клубот објави дека едногласно било одлучено ваквата сомнителна ситуација да ја пријави во полиција, со цел да го исчисти името на клубот.

– Играчите, тренерите, Управата на клубот и сите вработени што го претставуваат тимот, ќе бидат предмет на полициска истрага, се наведува во соопштението на клубот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он