Шведска прв финалист на ракометниот Мундијал

Од:

Шведска е првиот финалист на Светското првенство за ракометари што се одржува во Египет, откако славеше вечерва во полуфиналето над Франција со 32:26 (16:13).

Швеѓаните одиграа беспрекорно во нападот во првото полувреме во кое француските голмани немаа ниту една одбрана.

Откако на средина на полувремето го презедоа водството со 8-7 не го испуштија до самиот крај на натпреварот.

Швеѓаните заминаа на полувреме со три голови предност (16:13) и не им дозволија во продолжение на Французите да се вратат резултатски во натпреварот.

Најефикасен во шведската репрезентација беше крилото Хампус Ване со 11 голови.

За Шведска ова ќе биде осмо учество во самата завршница на ракометните мундијали, а прво во последните 20 години.

Противникот во финалниот натпревар ќе го добијат подоцна вечерва по мечот меѓу европскиот првак Шпанија и бранителот на светската титула Данска.

Би можело да ве интересира

Уште еден тежок пораз на македонските ракометари на СП

Жарко Настоски

Македонските ракометари го победија Чиле и се пласираа во втората фаза на СП

Жарко Настоски

Прв откажан меч на ракометниот мундијал поради Ковид-19

Мојсоски ги храбри ракометарите пред првиот натпревар во Египет: Горди сме на вас!

Жарко Настоски

Почнува СП во ракомет, Македонија по петти пат учесник на Мундијалите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонското знаме на „Триумфалната порта“

Ана Ололовска