Репрезентацијата на Шведска го освои бронзениот медал на Светското првенство за жени кое се одржува во Нов Зеланд и Австралија. Во мечот за третото место, шведските фудбалерки денес во Бризбејн ја победија репрезентацијата на Австралија со резултат 2:0.
Головите ги постигнаа Фридолина Ролфево 30. минута и Косоваре Аслани во 62. минута.
Репрезентацијата на Шведска по четврти пат во историјата освои бронзен медал на Светско првенство. Претходно Швеѓаните го заземаа третото место во 1991, 2011 и 2019 година.
Во финалето на женскиот фудбалски Мундијал 2023 ќе играат Англија и Шпанија. Натпреварот ќе се одигра утре од 12 часот.