Рожер Федерер се најде на удар на критиките на јавноста во својата татковина откако излезе информацијата дека бара два милиони долари за да настапи наредната година на турнирот во својот роден град Базел.
Досега Швајцарецот добиваше по половина милион долари за настап во Базел, но новата „цена“ на Федерер е превисока за организаторите.
„Ние не сме катарци. Ќе се потрудиме да го обезбедиме учеството на Федерер, но и ние имаме свои граници. Не секој од нас може да вози Ролс Ројс“, изјави претседателот на Швајцарската тениска асоцијација Рене Штамбах, кој воедно е и директор на турнирот.