Шундовски: Немавме време за подготовка за Германија

Од:

На прес-конференцијата по денешниот дуел со Германија, селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Звонко Шундовски како една од причините за поразот го наведе недоволното време за подготовка.

– Немавме време за подговка за овој натпревар. Задоволен сум од пласманот во осминафиналето. На денешниот дуел имавме лош почеток и постојано бркавме резултат. До некое време имавме успех, но по грешките кои ги направивме немавме шанса за пресврт против силниот противник.

Селекторот на Германија Мартин Хојбергер задоволен од пласманот во четвртфиналето рече дека Македонија е добар тим. 

– Македонија е навистина добар тим предводена од Кирил Лазаров. Во составот имаат добри играчи. Денеска ние имавме добра одбрана, на чело со нашиот голман, истакна Хојбергер.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он