Шундовски не го објавува списокот додека не добие плата

Од:

Скандал му се заканува на македонскиот ракомет откако „Дневник“ објави дека селекторот на машката ракометна репрезентација Звонко Шундовски не го соопштува поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета на СП 2013 во Шпанија се додека РФМ не му исплати барем некоја од многуте заостанати плати.

РФМ се соочува со казна од илјада евра доколку до утре напладне не го испрати поширокиот список на ракометари кои ќе настапат на Мундијалот во јануари. Според прописите на Светската ракометна федерација (ИХФ), до 12 декември мора да се испрати списокот од 28 играчи, а од истиот да се изберат 16-мината, кои еден ден пред почетокот на СП ќе бидат пријавени на техничкиот состанок.

Не е познато колкава е платата на селекторот, ниту пак сумата на неисплатените сретства кои РФМ му ги должи на Шундовски.

Според шпекулациите Шундовски веќе испратил и писмо до УО на РФМ во кое им вели дека ако не му ги исплатат парите, тој ќе смета дека РФМ не сака тој да ја предводи репрезентацијата на СП во Шпанија. Шундовски е незадоволен и од термините и динамиката на договарање на пријателските средби за Мундијалот на подготовките во Пореч. Наместо на 20. декември, репрезентативната експедиција ќе замине три дена подоцна, а ќе се игра еден меч со Саудиска Арабија. Иако селекторот барал уште еден или два пријателски меча по Нова Година од РФМ, засега не знае што е направено на тој план.

Македонија на СП 2013 во Шпанија, кое ќе се одржи од 11 до 27 јануари, се наоѓа во групата Б во Севилја заедно со селекциите на Данска, Исланд, Русија, Чиле и Kатар. Најдобрите четири селекции продолжуваат во 1/8-финалето.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он