Шундовски: Мора да се смени пристапот во играта

Од:

Среќен сум што победивме, иако на почетокот имавме нервозен пристап.Нашите технички грешки се причина за сериите на голови на противникот. Мора повеќе да се движиме во напад, да играме без топка. Ќе мора многу нешто да смениме во главите, се надевам дека утре против Катар ќе биде друг тим, рече македонскиот селктор Звонко Шундовски на пресот по дуелот со Чиле.

За Ванчо Димовски победата е најважана, во спротивно би било многу лошо и за атмосферата во репрезентацијата и воопшто за пласманот во следната фаза.

– Размислувам што ќе беше ако загубевме, пораз од Чиле ќе беше многу лошо. Имаме време да се средиме до следниот натпревар. Поквалитетни сме од Чиле, но со 22 грешки неможе да се победи посилна репрезентација. Ова се вредни бодови, а натпреварот со катар ќе биде битка за 1/8 финале, изјави македонскиот пикер Димовски.

Македонија попладнево во Севиља на својот прв натпревар на СП, потешко од очекувањата со 30:28 го победи аутсајдерот Чиле.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он