Шундовски: Ќе пробаме да победиме со Данска

Од:

Играме подобро од почетокот на шампионатот. Данска е најголем фаворит во групата, а ние ќе пробаме да ги победиме. Тоа е селекција која никогаш не калкулира, едноставно не сака да испадне од ритам. Хансен ќе биде тешко да се запре, а мораме да најдеме против игра за нивниот систем доколку сакаме успех. Од тактички план добро е што играме последни во групата, истакна селекторот на македонската ракометна репрезентација Звонко Шундовски на денешниот брифинг со новинарите.

Селекторот на Данска, Улрик Вилбек по дуелот со Исланд на прес-конференцијата најави игра на победа против Македонија без оглед на тоа што тие го имаат обезбедено првото место во групата.

– Постигнавме победа над Исланд, но следниот натпревар ќе биде од сосема поинаков тип, пред се во одбраната. Ќе играме на победа, тоа им го ветувам на Исланѓаните. Ние ќе одиме на победа и во дуелот со Македонија.

На Светското првенство денеска е слободен ден за селекциите од Б групата во која играат Македонија и Данска, а тие утревечер од 20 часот ќе го одиграат својот последен дуел во групната фаза.

За Данска овој натпревар нема резултатско значење, додека Македонија ќе брка победа за остварување подобар пласман во групата и добивање полесен противник во осминафиналната фаза.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он