Шумахер во болница престојувал под лажно име

Од:

Седумкратниот светски шампион во Ф1 Михаел Шумахер во болницата во Гренобл бил заведен под името Жереми Мартин.

Шумахер на 16.јуни се разбуди од кома и ја напушти болницата во Гренобл каде поради тешки повреди на главата престојуваше од крајот на декември. Тој потоа е префрлен во рехабилитациски центар во Лозана. Меѓутоа здравствениот картон на германскиот возач е украден и засега непознати крадци се обидуваат да го продадат во медиумите. Полицијата покрена опсежна истрага, а крадците наводно на германски, франциски и швајцарски медиуми им понудиле дел од медицинската документација за 60.000 швајцарски франци.

Француската полиција признва дека се уште не може да утврди дали здравствената документација ја украл некој од вработените во болницата во Гренобл или во прашање е хакерски напад.

Според последните информации многу лица имале пристап до здравствените податоци на германскиот возач, но за сега нема осомничени.

Одредени медиуми откриваат дека Шумахер во болницата во Гренобл бил заведен под името Жереми Мартин, а менаџерката на Михаил Сабине Кем најави тужба против сите оние кои ќе објават украдени здравствени податоци од славниот возач, кој сега се опоравува во болницата во Лозана.

Би можело да ве интересира

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Тод: Го видов Шумахер, се надевам дека целиот свет ќе може да го стори истото

Ландов

Семејство Шумахер: Можете да бидете сигурни дека Михаел е во најдобрите раце

Наум Локоски

„Дејли мејл“: Шумахер не е веќе „врзан“ за кревет

Наум Локоски

Мик Шумахер ќе вози во Формула 2 во 2019 година

Наум Локоски

Менаџерката на Шумахер: Здравјето на Михаел е семејна тајна

Наум Локоски