Шумахер ќе прооди со помош на чип во мозокот, кој му го вградил хрватски доктор

Од:

Тимот што го лекува Михаел Шумахер побарал контакт со хрватските лекари, двоецот неврохирурзи Дарко Чади и Ведран Делетис кои постигнуваат извонредни резултати со промена на длабока мозочна стимулација кај пациенти кои се во вегетативна или минимална состојба на свест.

Доктор Чади, кој работи како професор шеф на одделот за неврохирургија во загрепската болница Дубрава, во Верона, на 17 – годишна девојка која преживеала сообраќајка и паднала во кома во мозокот и вградил микро – чип со помош на кој треба да се освести.

Лекарот засега не дава подетални информации за можноста да соработува со лекарскиот тим на Шумахер, потврдува само дека има расположение да го контактираат оттаму. На прашањето може ли да му помогне, тој кратко одговара, „можам – како не“.

Докторот Чаби може да биде вклучен во рехабилитацијата на Шумахер, велат дека експертската јавност со години ја следела работата на овој хирург од Загреб.

Особено е запазено дека тој кај стотина пациенти има вградено стимулатор и ниту еднаш не направил ни најмала грешка иако станува збор за прецизна операција која бара исклучителна концентрација и внимание.

Меѓу бројните примери за неговите успеси е и третманот на младо момче од Сплит, кому додека било на училиште му затаило срцето. После 75 дена минати во кома му бил вграден стимулатор во мозокот, а подобрување се видело дури после еден месец. Доктор Чади вели дека тинејџерот од болницата излегол сам, без помош, а после два месеца целосно закрепнал и почнал да оди и да зборува.

Би можело да ве интересира

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Тод: Го видов Шумахер, се надевам дека целиот свет ќе може да го стори истото

Ландов

Семејство Шумахер: Можете да бидете сигурни дека Михаел е во најдобрите раце

Наум Локоски

„Дејли мејл“: Шумахер не е веќе „врзан“ за кревет

Наум Локоски

Мик Шумахер ќе вози во Формула 2 во 2019 година

Наум Локоски

Менаџерката на Шумахер: Здравјето на Михаел е семејна тајна

Наум Локоски