Шумахер ќе остане неподвижен до крајот на животот?

Од:

7-кратниот сетски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер ќе остане доживотно неподвижен по несреќата, која што ја доживеа на скијање во Франција на крајот од минатата година, пренесе британскиот „Мирор“, повикувајќи се на мислењето на неврологот Ерик Рајдерер.

-Ќе биде инвалид до крајот на животот и секогаш ќе зависи од помош на друго лице. Позитивна е пораката кога некој ќе се разбуди од кома, во која бил повеќе од половина година. За него тоа е добро, но и за неговото семејство ова е доста важно, рече Рајдерер.

Шумахер кој оваа недела конечно излезе од вештачката кома, во која беше од 29 -ти декември по тешкиот пад на скијање во Франција, повеќе не е во болницата во Гренобл, туку е хоспитализиран во Лозана, во близина на неговиот дом.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Тод: Го видов Шумахер, се надевам дека целиот свет ќе може да го стори истото

Ландов

Семејство Шумахер: Можете да бидете сигурни дека Михаел е во најдобрите раце

Наум Локоски

„Дејли мејл“: Шумахер не е веќе „врзан“ за кревет

Наум Локоски

Мик Шумахер ќе вози во Формула 2 во 2019 година

Наум Локоски

Менаџерката на Шумахер: Здравјето на Михаел е семејна тајна

Наум Локоски