7-кратниот светски шампион во Формула 1 Михаел Шумахер по несреќата бил свесен, зборувал, а рацете и нозете му биле во функција па лекарите заклучиле дека тој не бил во тешка состојба.
Германски медиуми тврдат дека доколку лекарите од спасувачката служба подобро ја проценеле неговата состојба последиците за здраствената состојба на Шумахер можеле да бидат помали.
Шумахер најнапред бил префрлен во мала болница во Мутие, а дури кога неговата состојба драстично се влошила бил префрлен со хеликоптер во Гренобл каде е опериран.
Тој по несреќата бил свесен, зборувал, ги движел рацете и нозете, што лекарите од спасувачката служба ги наведе да заклучат дека не е во тешка состојба.