Штимац: Мило ми е што им ги полниме стадионите на гостите кога веќе не можеме нашите

Од:

„Не се од првата или втората група најсилни репрезентации, но се исклучително незгодни и заслужуваат респект, но ништо повеќе од тоа. Нашата опција е победа без разлика на нивните желби. Нека биде полн стадионот бидејќи фудбалот се игра за публика, а јас сакам да играм пред полни стадиони“, рече  хрватскиот играч од средниот ред, Милан Бадељ на денешната прес конференција на хрватската репрезентација пред мечот со Македонија.

Хрватскиот селектор Игор Штимац вели дека е задоволен од тоа што Хрватска ќе го наполни стадионот во Скопје.

„Мило ми е што им ги полниме стадионите на гостите кога веќе не можеме нашите“ – изјави Штимац.

Призна дека најголема опасност гледа во Горан Пандев.

„Знам се за него. тоа е најдобриот нивни играч. Ќе видиме како ќе го чуваме, стриктно или со превземање во зависност од тоа кој ќе го започне натпреварот“ – рече Штимац.

Хрватска и гостува на Македонија на 12 октомври.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра