Штимац го објави списокот за мечот со Македонија

Од:

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Игор Штимац го објави списокот на фудбалери за претстојниот квалификациски натпревар со Македонија, што ќе се одигра на 12 октомври на арената „Филип Втори“ во Скопје.

За првпат повик доби Бразилецот Самир, кој има хрватско државјанство и е член на Динамо Загреб. Го нема Младен Петриќ, исто како и голманот на Динамо, Иван Келава, но затоа е повикан Дарио Крешиќ од Локомотива, кој сепак ќе биде во втор план за дуелот со Македонија.

Списокот на Штимац за мечот со Македонија

Голмани: Плетикоса, Субашиќ, Крешиќ.

Одбрана: Чорлука, Срна, Шимуниќ, Шилденфелд, Стриниќ, Вида, Ловрен, Памиќ.

Среден ред: Ракитиќ, Бадељ, Крањчар, Вукојевиќ, Модриќ, Иличевиќ, Перишиќ, Радошевиќ, Самир.

Напад: Едуардо, Манџукиќ, Олиќ, Јелавиќ, Калиниќ, Вукушиќ.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра