Штербик играч на месец октомври во Лигата на шампионите

Од:

Голманот на Вардар, Арпад Штербик доби ново индивидуално признание од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ) – најдобар играч за месец октомври 2017.

Штербик беше еден од најзаслужните за победите на европскиот шампион Вардар против Загреб и Барселона на домашен терен и за ремито со ПИК Сегед во Унгарија.

Конкуренција на Штербик му беа Енди Шмит од Рајн Некар Ловен, Сандер Сагосен од ПСЖ, клупскиот колега Вуко Борозан и Момир Илиќ од Веспрем.

Во женска конкуренција наградата и припадна на Словенката Ана Грос, која го носи дресот на француски Мец.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир