Возачот на LCR Honda, Германецот Штефан Брадл, е првиот Германец кој ќе стартува од првта позиција во МотоГП шампионатот.
Тој покажа одлично возење и со резултат од 1.21,176 дојде до пол позиција за утрешната трка за ГН на САД.
Марк Маркез трката ќе ја започне од втората позиција, а првиот ред го пополни уште едно изненадување, Алваро Баутиста.
Валентино Роси ќе стартува од четвртата позиција, пред Кал Крачлоу и Хорхе Лоренцо. Дани Педроса ќе започне од третиот ред, следен од Довициозо и Бредли Смит.