Штафетна трка за тимови од бизнис секторот

Од:

Во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје денеска ќе се одржи штафетна трка за тимовите од македонскиот бизнис сектор, според правила и процедури прилагодени на здравствените протоколи за заштита на учесниците од Ковид-19.

За трката, како што е наведено во соопштението од Здружението „Прв со врв“, можеа да се пријават сите компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва и субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во Републикава.

Трката ќе биде штафета со четири измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри.

Најбрзите три тимови на Business Run 2020 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, оние кои истрчале најбрз круг.

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење помеѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух помеѓу вработените.

Би можело да ве интересира

Утре истекува рокот за пријавување за атлетската трка „Трчаме за Рацин“

Ана Ололовска

Поп Арсова и Ивановски старо-нови шампиони во полумаратон

Ана Ололовска

Милјана Ристиќ победи на женската трка во Скопје

Ана Ололовска

Во Скопје се одржа трка со специјален протокол

А1он

Промоција на книгата „Трчањето ме учи“ од Кокан Ајановски

Ана Ололовска

„Охрид Ултра-Треил“ – 100 километарска трка во планинско трчање на Галичица

Ана Ололовска