Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во второто коло на АТП турнирот во Барселона, откако во првото коло го совлада Италијанецот Флавио Коболи со 6:2, 6:3.
Натпреварот траеше еден час и 26 минути. Надал моментално е 644. тенисер во светот, додека Коболи е 62. на АТП листата.
Ова беше прв натпреварувачки меч за шпанскиот тенисер по пауза од повеќе од три месеци поради повреда.