Шпанија по третпат на големите натпреварувања беше подобра од Македонија, откако со фуриозни три минути во второто полувреме во кои направија 5:0 низа го „уништија“ тоа што македонските ракометари го градеа цело прво полувреме за на крај да загубиме со високи 32:21.
Сега, нашите ракометари утре од 18 часот ги очекува директна пресметка со Исланд за освојување на третото место во групата Б и пласман во наредната фаза. Во тие 60 минути, ќе мора да се избегнат грешките од стартот на второто полувреме против Шпанија, бидејќи само победа против „рибарите“ не носи понатаму.
Во првото полувреме, тргнавме да се „надигруваме“ со силната шпанска репрезентација и имавме фантастичен старт на мечот (5:2), пред тие да се вратат и да отидат на пауза со еден гол разлика (12:13).
Меѓутоа, стартот на второто полувреме ни ги урна сите илузии дека можеме да се надигруваме со Шпанците, откако тие ги искористија неколкуте грешки во нашата игра, за со низа од 5:0 да го решат мечот. Разликата од шест гола беше преголема, по што селекторот Раул Гонзалес во остатокот на мечот реши да им даде шанса и на помладите ракометари.
Жарко Пешевски со шест гола беше најефикасен во македонската репрезентација, капитенот Кирил Лазаров постигна пет гола, додека Филип Кузмановски даде четири. Кај Шпанците, Гомез имаше шест, а Ентрериос пет.