Шпанија противник на македонските ракометари во четвртата рунда на Мундијалот

Од:

Репрезентацијата на Шпанија е четвртиот ривал на Македонија на Светското првенство во Франција. Селекцијата на Шпанија важи за фаворит во дуелот, а тоа го потенцираа и нашите играчи за време на вчерашниот тренинг.

Сепак, избраниците на Лино Червар ветуваат максимална борба со оглед на тоа што евентуална победа може да значи и борба за едно од првите две места во групата и добивање полесен противник во осминафиналето.

Ова е еден од седумте натпревари што се играат денеска. Распоред на натпреварите:

Македонија – Шпанија (Б група);

Саудиска Арабија – Унгарија, Белорусија – Германија, Хрватска – Чиле (Ц група);

Аргентина – Египет, Данска – Бахреин и Шведска – Катар (Д група).

Табела А група: Франција 8 бодови, Норвешка 6, Русија 4, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.

Табела Б група: Словенија 7, Шпанија 6, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 0.

Табела Ц група: Германија 6, Хрватска 6, Унгарија 2, Белорусија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0.

Табела Д група: Данска 6, Шведска 4, Египет 4, Катар 4, Бахреин 0, Аргентина 0.

Би можело да ве интересира

Франција се закити со бронза на ракометното СП

А1он

Полска и Шведска домаќини на СП во ракомет во 2023

Ана Ололовска

Македонската ракометна репрезентација со пораз од Белорусија го заврши настапот на СП

Ана Ололовска

Лазаров: Го допревме дното

Ана Ололовска

Македонските ракометари денеска против Словенија ја отвораат главната фаза на СП

Ана Ололовска

Македонските ракометари поразени од Шведска на стартот на Светското првенство

Жарко Настоски