Шпанија поуспешна од Казахстан во полуфиналето на Европското првенство во футсал

Од:

Футсал селекцијата на Шпанија се избори за финалето на Европското првенство, што се игра во Белград.

„Црвената фурија“ синоќа во полуфиналето го совлада Казахстан со 5:3 и на 10-то ЕП ќе го игра своето осмо финале. Шпанците имаат освоено шест титули.

Нивни ривал ќе биде селекцијата на Русија која по продолжение со 3:2 го совлада домаќинот Србија. За Русија ова ќе биде шесто финале, а оваа селекција беше поразена на последните две европски првенства во финалните натпревари. Русија има една титула европски шампион.

Со пласманот во полуфиналето Србија и Казахстан го постигнаа својот најголем успех досега, а една од двете селекции ќе го освои бронзениот медал.

„Малото финале“ меѓу Србија и Казахстан се игра утре со почеток во 18:30 часот, а финалето меѓу Русија и Шпанија на програмата е утре од 21 часот.

Би можело да ве интересира

Српски тренер доби отказ затоа што му го честиташе роденденот на Путин

ВИДЕО: Хулигани нападнаа српски спортисти во Брчко

Предраг Петровиќ

Македонските футсалци со реми го почнаа двомечот со Црна Гора

Ана Ололовска

Футсал виртуозот Рикардињо ја заврши репрезентативната кариера

А1он

Македонската футсал репрезентација до 19 години поразена од Црна Гора

А1он

Стартува новата футсал сезона, во недела дерби помеѓу КМФ Железарец и КМФ Проект

Ана Ололовска