Иако Шпанците имаа 15 поени предност на почетокот на последната четвртина на дуелот против Италија, едноствно се предадоа и им дозволија на Италијанците на две секунди до крајот најпрвин да израмнат и да го однесат мечот во продолженија по најверојатно претходно договорено сценарио, за да во продлженијата го загубат натпреварот со 86:81.
Шпанците по скаутирањето одлучиле дека Србија е противникот кој повеќе им одговара во четврт-финалето, па кога веќе имаат можност да ја избегнат Литванија, зошто да не, меѓутоа ова што вечерва се случи го виде целокупната кошаркарска јавност во Европа и допрва се очекуваат реакции на негодување на манипулативниот настап на Шпанија.