Шпанија ја победи Албанија со 1:0

Од:

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Албанија со 1:0 во последниот натпревар од групата Б на Европското првенство. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Феран Торес во 13. минута. Шпанија освои девет бода од три натпревари и заврши на првото место во групата. Албанија има само еден бод и е елиминирана од натпреварувањето.

Шпанија уште пред последното коло го обезбеди првото место во групата, па селекторот Луис де ла Фуенте го одмори првиот состав. Почнаа резервите, а Албанија играше со најсилниот состав. Но, Шпанците беа доминантни во првото полувреме и поведоа во 13. минута со голот на Феран Торес.

Дани Олмо ја прими топката во албанската половина и одлично ја турна во просторот за Торес. Крилниот напаѓач на Барселона брилијантно застана зад одбраната и со левата нога го погоди далечниот агол од голот на Стракоша. Албанскиот голман немаше многу шанси.

Шпанците имаа повеќе можности, додека Албанците се мачеа во првото полувреме да го минат центарот. Единствената шанса ја имаа во 45. минута.

Кристјан Аслани шутираше силно од 20 метри и во рамката од голот, но Давид Раја се исфрли и го одбрани неговиот обид. Ова е се што Албанија опасно направи во првото полувреме.

Би можело да ве интересира

Кукуреља го „спушти“ Невил: „Отидовме до крај, Гери“

Порака на Шкотска до Шпанците во пресрет на финалето – одмаздете им се на Англичаните за се што ви прават

Предраг Петровиќ

Олмо: „Не се плашиме од никого“

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде најдобар стрелец на Европското во случај на ист број постигнати голови

Предраг Петровиќ

Холандија – Англија 1:2 – Англичаните го добија финалето на еврото во 90. минута

Горан Наумовски

Шпанија – Франција 2:1 – Олмо ја однесе Шпанија до финалето на Евро 2024

Горан Наумовски