Со денешните победи на Шпанија, Аргентина и Кина, заврши првиот ден од Светското првенство во кошарка во Кина.
Шпанија му нанесе длабок пораз на Тунис со 101:62 на вториот натпревар од групата Ц во првото коло. Најефикасен кај Шпанците беше Рики Рубио со 17 поени, додека кошаркарите на Туниз ги предводеше Мохамед Хадидан со 12 поени.
Аргентина исто така беше сигурна во својата победа, поразувајќи ја Јужна Кореја со резултат 95:69. Најефикасен кај Аргентина беше со 17 поени, додека кај Кореанците Гуна Ра постигна 31 поен.
Домаќинот Кина беше сигурна против Брегот на Слоновата Коска поразувајќи го со резултат 70:55. Најефикасен кај домаќините беше Јианлијан Ји со 19 поени, а кај Брегот на слоновата коска Гај Ландри Еди со 10 поени.