Завршната свеченост, предвидена за затворањето на Олимписките игри во Лондон е најавена како Шоу посветено на британската музика.
Меѓу учесниците најавени се „Спајс грлс“, „Пет шоп бојс“, Брајан Меј, Кејт Буш, Џеси Џеј и Адел.
Покрај пејачите, на церемонијата на затворањето на Игрите ќе настапат повеќе од четири илјади луѓе, сите доброволци, како и 380 деца од училиштата во шест општини во источен Лондон.
Во текот на завршната церемонија на овие Игри, предвидено е и 8-минутно претставување на Рио де Жанеиро и Бразил, домаќини на следната Олимпијада, што ќе се одржи во 2016-та година.