Раководството на црногорскиот кошаркарски шампион Будуќност ја прекина соработката со Шон Џејмс.
Оваа одлука доаѓа по сериајта порази во АБА лигата на тимот кој сезоната ја почна со големи амбиции.
Американецот во Подгорица стигна како големо засилување, но не ги оправда очекувањата па доби отказ. Џејмс на 12 настапи имаше просек од 9,8 поени и 6,5 скока по натпревар.
Будуќност во регионалната АБА лига е на 4.место со 10 победи и пет порази.