Македонскиот футсал првак Шкупи синоќа во СРЦ „Кале“ го победи Кардиф со убедливи 5:0. Ова беше дуел од 1.коло во претквалификациите за Лигата на шампионите.
Стрелци на головите беа Чека (два), Агуши, Глигоров и Димовски.
На другиот натпревар од Б-групата која се игра во Скопје, Даугавпилс го победи Енкамп со 7:3.
Во второто коло Шкупи вечер од 20 часот игра со Енкамп.