Во несреќата која ја предизвикал шкотски навивач во Германија се повредени шест лица.
Постои сомнение дека возел под дејство на алкохол на спротивната сообраќајна лента во близина на аеродромот „Веце“, на запад од Германија.
Од шестмината повредени двајца се тешко повредени, соопшти полицијата.
Шкотланѓанецот возел по левата лента, како и во татковината, по што ја предизвикал несреќата.
Овој 25-годишен маж бил во автомобилот со уште четворица пријатели.
Тој и еден од неговите пријатели се тешко повредени, додека со полесни повреди се здобил 45-годишниот возач на другото возило, маж од Дизелдорф.
Селекцијата на Шкотска го отвора ЕУРО 2024 против домаќинот Германија во Минхен.