Шкоф: И тие се од крв и месо, имаме план за мечот со Франција

Од:

Со тезата дека и французите се од крв и месо, словенечките ракометари се бодрат меѓу себе пред мечот во кој ќе се обидат да отидат до истото скалило како и пред две години во Шпанија, кога играа во полуфиналето, а подоцна го освоија четвртото место на тој мундијал.

37 годишиот Горазд Шкоф кој против Македонија беше играч на натпреварот за овој меч знае дека не смее да се направи ниту една грешка:

„Задоволство е да се играат вакви натпревари. Сите ги познаваат французите во душата, како играат, но никој не може да ги победи. И ние не се занесуваме дека сме фаворити. Напротив, тие воведоа многу нови работи во светот на ракометот. Оставија длабока трага. Тоа е чиста моќ, мускули и квалитет. Но ние имаме план како да играме со нив. Ако го реализираме планот, а тие негде затајат, тука сме да ја искористиме шансата“, вели Шкоф.

Голем број словенечки ракометари играат во француската лига, која е во прогрес, скоро сите го говорат и францускиот јазик и тоа ќе биде како еден врвен натпревар од националниот шампионат на оваа земја. На последните 5 меѓусебни натпревари, Франција има 5 победи и малкумина денес гледаат шанса таа серија да биде прекината. Но сепак спортски е словенците да се надеваат. Посебно ако успеат да ја „фатат„ групата на Онеста на спиење.

Извор: Кирил Лазаров 7

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ