Шест екипи во Серија „А“ не дале плати на играчите од јануари

Од:

Неколку клубови од Серија „А“ не ги плаќале своите играчи од јануари, пренесува „Фудбал Италија“.

Зборуваме за најмалку шест од елитните екипи.

Тие не ги платиле своите играчи во последните три месеци, бидејќи не можат да се согласат со нив за прашањето за намалување на платите заради кризата со коронавирус.

Имињата на овие клубови не се откриени во Италија.

Информциите велат дека играчите бараат од нивните претставници да гарантираат дека средствата добиени од кратењата на платите ќе одат за помош на персоналот или ќе бидат насочени кон полупрофесионални или женски тимови.

Според публикацијата, некои клубови решиле да ги замрзнат платите за време на преговорите.

Како што е познато, Серија А беше тешко оштетена од пандемијата.

Заразени со опасниот вирус имаше во најмалку 3 од екипите.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра