Шефовите на Сити купуваат и индиски тим

Од:

Сопствениците на Манчестер Сити размислуваат за купување тим во Индија, изјави извршниот директор Феран Соријано.

Во моментов во портфлолиото на „Сити Фудбал Груп“ има седум клуба, откако во февруари беше купен и кинескиот Сичуан Џуиниу.

Покрај Манчестер Сити, другите тимови во групата се Њујорк Сити, Мелбурн Сити, Јокохама Маринос, Атлетико Торк и Жирона.

– Со сите овие случувања треба да сме трпеливи. Имаме интерес во одредени пазари и земји кои имаат вистинска фудбалска страст и можности, како Кина, но исто така и Индија. Значи може да има други можности во Азија. Ние сме во потрага во Индија веќе две години, и би рекол дека оваа година конечно ќе инвестираме во Индија, вели Соријано.

„Сити Фудбал Груп“ е основана во 2013 година, а по Сити, втората аквизиција беше во Њујорк.

– Гледајќи го сега, има природна брзина на развојот, која ја следиме. Тоа ќе ни донесе повеќе од 7 тима, но не 100 тима. Не можам да гледам 10 години напред, но групата може да има повеќе. За да ја исполниме визијата што ја имавме пред 6 години, ќе имаме можеби уште 2 или 3 клубови, додаде шефот во Сити.

Би можело да ве интересира

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он

Гвардиола воведе карантин и на Божиќ

А1он

(ВИДЕО) Четата на Гвардиола повторно поразена во Премиерлигата

А1он

Силва: Сето ова го заслужуваме, се однесуваме како деца!

А1он

Гвардиола: Манчестер Сити е мојот последен клуб во кариерата

А1он

(ВИДЕО) Агонијата на Гвардиола продолжува, Ливерпул го среди Сити за +11 бода на табелата во ПЛ

А1он