Шефот на Манчестер Јунајтед најавува крај на трансферите вредни стотици милиони

Од:

Потпретседателот на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард смета дека претстојниот трансфер прозорец ќе има сосема поинакво лице заради пандемијата од коронавирус.

Според Вудвард, клубовите веќе нема да можат да потрошат стотици милиони евра за привлекување на играчите што им се потребни.

Во неговите очи, ефектот од пандемијата ќе биде многу силен. Премиер лигата запре на 13 март и клубовите изгубија и продолжуваат да губат многу пари.

– Целиот фудбалски бизнис наскоро ќе се промени, рече шефот на „Олд Трафорд“, кој не очекува брзо финансиско закрепнување.

Вудвард се прогласи за изнаоѓање начин да се заврши сезоната, колку и да е тоа тешко со оглед на ситуацијата.

Манчестер јунајтед е на петтото место во привремениот пласман и се надева дека ќе си најде место во групите во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

Му здосадија пари и жени, па екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед стана свештеник

А1он

Маркус Рашфорд има нов клуб

А1он

Шокантен трансфер во најава, од Сити во Јунајтед

А1он

Вулверхемптон на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 2:0

Манчестер Јунајтед го совладаа Манчестер Сити со 2:1

(ВИДЕО) Нов менаџер, стари проблеми – Јунајтед освои само бод кај Ипсвич

А1он