Шефот на Барса: Нејмар нема да се врати, одбравме друг пат со Кутињо и Дембеле

Од:

Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу, ги демантираше гласините дека клубот планира да ја врати својата поранешна ѕвезда, Нејмар. Бразилецот ги напушти Каталонците летото 2017 година откако Париз Сен Жермен ја плати неговата огромна клаузула за откуп во висина од 222 милиони евра.

– Зборував со Нејмар, се видовме неколку пати, но тој никогаш не кажал дека сака да се врати. Никој не ни се јавил по овој повод. Нејмар има договор со ПСЖ. Тој игра втора сезона таму, тешко е да се замисли, дека тие би сакале да го продадат. Барса избра друг пат со Дембеле и Кутињо. Мораме да продолжиме со нив, ова се двете најголеми инвестиции во историјата на клубот и ние ги поддржуваме 100%, рече Бартомеу за радио „Каталуња“.

Како што е познато, Кутињо премина на „Камп Ноу“ за 160 милиони евра. За француското крило, Барселона плати 120 милиони евра на Борусија Дортмунд.

 

Би можело да ве интересира

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

Иниеста и официјално се прости од фудбалот

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

Играчот кој ги одби милионите на Барса сега е во 5-та лига: Верата ми даде поинаква перспектива на животот

Предраг Петровиќ

Јамал на стартот на кариерата: Никогаш нема да ја напуштам Барселона

Предраг Петровиќ

Еден час прекин поради гром на дуелот Барселона – Реал (2:1)