Шарапова триумфира на Ролан Гарос

Од:

Руската тенисерка Марија Шарапова е победничка на тенискиот Грен Слем, откако попладнево по три часа и две минути игра во финалето ја совлада Симона Халеп од Романија. Резултатот беше 2-1 по сетови – 6:4; 6:7 и 6:4.

Руската тенисерка слично како и во претходните дуели на турнирот славеше во три сета, со тоа што во финалето таа го доби првиот сет, вториот го изгуби во тај-брејк и покрај водството од 5-2 во поени, а во третиот решавачката предност ја направи во деветтиот гем кога направи брејк при сервис на Романката.

За Шарапова ова беше вкупно петта титула на големите турнири и втора во Париз. Русинката трофејот на Ролан Гарос го освои и во 2012 година.

За Халеп финалето на овој турнир претставува најголем успех во нејзината кариера.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ