Марија Шарапова се откажа од турнирот во Мајами, кој започнува следната недела. Причината е повреда во раката.
– Многу ми е жал што морам да се откажам од еден од моите омилени турнири поради повреда на левата рака. Ќе дадам се од себе да се вратам на теренот што е можно поскоро, изјави Шарапова.
Петкратната Гренд слем шампионка никогаш не победила на турнирот во Мајами. Русинката, која неодамна се раздели со тренерот Свен Гронефелд, е петкратна финалистка на турнирот во Флорида.
Минатата недела таа отпадна од Индијан Велс по поразот од јапонската тенисерка Наоми Осака, која стигна до полуфиналето.