Русинката Марија Шарапова, Кинеската На Ли и Шпанецот Давид Ферер се првите полуфиналисти на тенискиот Грен Слем Австралија Опен кој се одржува во Мелбурн.
Втората носителка Шарапова во првото четвртфинале на женскиот дел од турнирот ја победи својата сонародничка Екатерина Макарова со 6:2 и 6:2.
Ли која е шеста носителка во четвртфиналето ја победи Агнешка Радванска од Полска (четврта носителка) со резултат 7:5 и 6:3.
Пет сета се играа ноќеска на првото машко четвртфинале во кое четвртиот носител Ферер со 4:6, 4:6, 7:5, 7:6 и 6:2 го победи десеттиот носител и негов сонародник Николас Алмагро.
Во тек е второто четвртфинале меѓу Новак Џоковиќ (Србија) и Томаш Бердих (Чешка).