За Марија Шарапова турнирот во Синсинати заврши уште на самиот старт. Русинската тенисерка сосема неочекувано беше елиминурана од Американката Слоун Ситвенс со 2-6, 7-6, 6-3.
„Мојот пораз најверојатно се должи на тоа што не применувам некои работи на кои што работевме. Тешко е кога ќе загубите во во оваа фаза на турнирот, но што е тука , морам да ја подигнам главата и да продолжам да тренирам“, изјави Шарапова.
Кај мажите Роже Федерер не дозволи изненадување го совлада Германецот Филип Колшрајбер со 6-3, 7-6. Во останатите средби Жилиен Бенето го победи Радек Степанек, Григор Димитров беше подобар од Брајан Бејкер, додека Рајан Харисон го намачи Давид Ферер.