Во женското финале на Отвореното првенство на Франција, во Париз, победи Марија Шарапова.
Во финалето играше против Италијанката Сара Ерани, најпријатното изненадување на овој Ролан Гарос.
Победата ја извојува убедливо, без изгубен сет, 6-3, 6-2.
Со влезот во финалето, Шарапова изби на првото место на женската ранг листа, WTA.
Марија Шарапова е 10-тата тенисерка која ги има освоено сите 4 Грен Слемови, Вимболдон 2004-та, УС Опен 2006-та и Аустралиан Опен 2008-та. Оваа година по прв пат и се посреќи да го освои Ролан Гарос.